Еди во Веро маркетите

Веро е ланец на супермаркети со скоро 20-годишна традиција ви Македонија. Располага со 10 супермаркети и еден Џамбо-Веро Центар. Нашето делување е насочено кон задоволување на потребите на сите потрошувачи и бизнис партнери кои стапуваат во контакт со Веропулос. Со професионален и софистициран однос ,со целосна понуда на услуги и производи како и услови во тренд со сите европски стандарди се залагаме и работиме за подобрување на квалитетот на живеење.

Во нашето секојдневно работење имаме голем број добавувачи и очекуваме околу 4000 нарачки месечно. Се очекуваат и уште толкав број на фактури. Со експанзијата на Веро очекуваме овие броеви уште повеќе да се зголемат. Со тоа се зголемува и бројот на вработените, а со нив и оперативни трошоци и проблемите. Соочени со таквата ситуација се стремиме кон изнаоѓање на решение со кое ќе ги решиме проблемите предизвикани од се поголемиот број на документи.

Веро се обиде да го реши овој проблем со повеќе опции – го зголеми персоналот и просторот за архивирање на документи, соработуваше со алтернативни снабдувачи, за на крај да проба со EDI (Electonic Data Interchange). Со почит кон предностите и слабостите на сите овие опции, Веро одлучи во своето работење да ја имплементира услугата за електронска размена на податоци SSBEdi.

Vero EDI Sigma SSB

Стратегијата на Веро беше да се избере единствен EDI провајдер. Како резултат на тоа, со цел да се намалат трошоците, да се заштеди на време како и да се подобри транспарентноста на проектот, постои еден единствен контакт помеѓу EDI провајдерот и Веро.

“Ја избравме Сигма-СБ како ексклузивен EDI провајдер. Фазата на планирање и имплементација на целиот проект имеше времетраење од 2 месеци” – вели Љубомир Црвенков, ИТ Директор на Веропулос – Македонија.

Проектот стартуваше на почетокот на 2015 година со примање на првата фактура од еден од добавувачите на ВЕро. Во периодот од една година преку SSBEdi, Веро веќе разменува неколку видови на документи со своите добавувачи.
Електронската размена на податоци им овозможува на корисниците на истата да уживаат повеќе предности:

Минимизација на субјективните грешки направени при креирање и обработка на документите. Времето кое порано го губевме за корекција на документите го употребуваме многу поефективно
Автоматизирано фактурирање: Изготвувањето на фактури е комплетно автоматизирано со системот
Оптимизација на логистиката – забрзување на процесот како резултат на намалувањето на несовпаѓањата и времето потребно за обработка на документите
Архивирање – Со SSBEdi документите лесно може да се зачуваат, да се пронајдат и анализираат. SSBEdi го скратува времето, ги намалува грешките, ја зголемува сигурноста на податоците и со сето тоа значително ги намалува трошоците;
Со SSBEdi фактурата се праќа и прима веднаш, во прашање се секунди;
Испраќачот го следи статусот во реално време – добива известување во моментот кога фактурата е прифатена од системот на партнерот.

“Со имплементација на SSBEdi, се заштедуваат повеќе од 1000 работни часови мануелна работа со што на компаниите им се овозможува да ги реалоцираат вработените на други задачи” – вели Љубомир Црвенков.

“Кога компанијата ги префрлува хартиените во EDI фактури се чувствуваат директни и индиректни заштеди. Директните заштеди најчесто се поврзани со хартија, поштарина, архивирање и плати. Индиректните заштеди се однесуваат на точноста на податоците, нивниот квалитет (полесно и подобрено валидирање на податоците), брзината на размена и можноста за правење на разни брзи анализи. SSBEdi го прави сето тоа возможно!”

Leave a Reply