Млекара здравје

Млекара Здравје Радово започна со работа во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км. оддалеченост од Струмица. Во 2004 г. производството се прошири со нов производствен капацитет во Куманово, со што се продолжи со традицијата на педесет години постоење и производство на поранешен ЗИК Куманово.

Во 2011 г. започна со работа и новата фабрика во Струмица, со производство на нова палета производи УХТ – млеко. 2014 г. ја одбележаа уште две нови инвестиции. Едната во новиот погон во Р.Е. Куманово започна производството на млечни намази, а втората инвестиција беше отворањето на сопствена фарма со висококвалитетни овци во регионот на Свети Николе. Почетокот на 2015 г. го одбележа промовирањето на новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појави традиционалниот производ сутлијаш.

Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи и бројот на вработени. Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинуваа само десетина производи. Денес целокупниот асортиман опфаќа над 60 производи.

Zdravje Press Konferencija EDI Sigma SSB

Како долгогодишен бизнис партнер на компанијата Сигма СБ, Здравје Радово се одлучи да имплементира SSBEdi притоа избирајќи ја Сигма СБ како провајдер на услугата.

Одлуката е донесена врз основа на верувањето дека SSBEdi ќе помогне во надминување на секојдневните предизвици кои произлегуваат од карактеристиките на производната дејност:
– Комплексен систем на размена на информации и документи;
– Голем обем на различни видови инпути и аутпути;
– Голем број на компании со кои секојдневно се врши размена на документи;
– Голем број на погрешно направени или изгубени документи.

Со имплементацијата на SSBEdi во нашиот систем, денес Здравје Радово ги оствари следните бенефити:
– Висок степен на автоматизираност на системот;
– Електронска обработка на документите – не е потребно мануелно внесување на податоци;
– Побрзата обработка на документите значи и побрза реакција на потребите на клиентите;
– Поголема контрола на залихите во магацин;
– Драстично намален број на погрешни или изгубени документи;
– Намалување на времето за обработка на документите а со тоа и трошоците;
– Следење на документите во реално време со што менаџментот има “слика” за состојбата на компанијата во секое време.

“Со имплементацијата на SSBEdi, ние имаме точни и навремени нарачки, а комуникацијата со клиентите ни е олеснета. Веќе не се грижиме дали промената на цените стигнала кај клиентите, тоа SSBEdi го прави за нас” – Миодраг Георгиевски, Директор за продажба

Leave a Reply