Нелт СТ

Повеќе од 20 години Нелт СТ гради успешни патишта со помош на искуството, знаењата и посветеноста во работењето. Нелт секогаш бил чекор напред со своите иновации така што сакавме да одиме чекор напред и во стандардните дефиниции за компаниска култура.

Ги дефиниравме основите на нашето работење, ги донесовме преку одлуки кои сакаме да ги спроведуваме, реафирмиравме професионални определби кои нашата компанија ги применува во секојдневното работење. Оваа стратегија која ја нарековме ТРИО е начин и патоказ за сите кои работат во Нелт како да станат амбасадори на нашата компанија, на работното место и било каде да се наоѓаат. Исто така нашите вредности се нашата лична карта, показател на нашиот етички и одговорен пристап кон бизнисот.

Вложуваме постојани напори за да останеме лидери во користењето на напредните информациски технологии. Покрај тоа што неодамна го заменивме целиот ERP систем со SAP, имплементиравме и SSBEdi – услуга за електронска размена на документи.

“Инвестицијата за воведување на SSBEdi е минимална во однос на заштедата во време која ја имаме со неговото користење. Имаме повеќе време да се фокусираме на останатите активности” – вели методија Христовски, менаџер на логистика во Нелт СТ Македонија.

Nelt ST EDI Sigma SSB

Од особена важност за Нелт е одржување на високо ниво на задоволство кај нашите купувачи. За да се постигне тоа потребна е целосна контрола на нарачките од нашите клиенти и со тоа навремена испорака на бараната роба. Тоа што не смееме да дозволиме да се случи е да нашите клиенти имаат празни полици кои треба да бидат исполнети со нашите производи и со тоа да губат продажби. За да го постигнеме тоа ни беше потребно решение кое ќе ни овозможи да имаме “слика” за сите нарачки во реално време.

Со имплементацијата на SSEdi имаме целосна контрола на нарачките а со тоа и на барањата на нашите купувачи.

Со олеснување и поедноставување на процесот на обработка на документи нашата компанија ги остварува следните бенефити:

  • Нема недоразбирања со трговските партнери од типот погрешно пренесена или погрешно искуцана нарачка;
  • Ги опслужуваме нашите купувачи брзо и точно;
  • Зголемена брзина на бизнис комуникацијата – се прескокнуваат чекорите кои во стандардната бизнис комуникација се повторуваат;
  • Ја зголемивме конкурентноста;
  • Ги намаливме оперативните трошоци – се крати времето на обработка на документи со што се заштедуваат неколку часови неделно;
  • Ја зголемивме ефикасноста – Нелт СТ опслужува поголем број на нарачки во одреден временски период;
  • Подобрен е готовинскиот тек на нашата компанија со скратување на циклусот “издавање на фактура – плаќање на фактура”.

Leave a Reply