Штп е ЕДИ

Со електронската размена на документи(EDI) секоја компанија може да комуницира по електронски пат со која била друга, бидејќи сите компании во суштина зборуваат на ист (EDI) јазик.

Електронската размена на документи (EDI) е збир на стандарди за комуникација помеѓу два компјутерски система преку кои се разменуваат деловни документи помеѓу компании (трговски партнери) во стандардизиран формат разбирлив за компјутерски системи. EDI е иницијатива почната уште од 1960 година меѓу компании во транспортниот и малопродажниот сектор, со цел да се подобри квалитетот на услугите за купувачите и за други долгорочни заштеди. EDI е крупен чекор напред кон креирање канцеларии без хартија.

Постојат многу различни видови документи што можат да бидат разменети по електронски пат со EDI, низ широк спектар на индустрии. Во трговијата најчесто се користат следниве типови:

  • Каталог на артикли и ценовник;
  • Нарачка до доставувач;
  • Потврда на нарачка од страна на доставувач;
  • Испратница;
  • Фактура;
  • Извештај за залиха;

edi-isporaki---order-to-cash

Со замена на хартиените документи, како што се нарачките кон доставувачи или фактури со соодветен EDI – еквивалент што е разбирлив за компјутерите, се постигнуваат следните придобвки:

  • Точноста е зголемена, бидејќи нема човечка интеракција (рачно внесување податоци);
  • Зголемена е брзината на размена на документите;
  • Скратено е времето на воведување на нови производи;
  • Постои следливост на настаните поврзани со размената на документите на едно место (кој, кога, што);
  • Подобрени се услугите за клиентите;
  • Вкупните трошоци на работењето се намалени.

Leave a Reply