Имлементација на еди во Зегин

Основните активности на веледрогеријата Зегин вклучуваат внатрешна и надворешна трговија со лекови, медицински помагала, диететски, макробиотски и козметички производи.

Компанијата е една од најголемите и најуспешните во Република Македонија, со најдобра инфраструктура и најширока дистрибутивна мрежа. Во своето 25 годишно постоење Зегин стана лидер на македонскиот пазар, глобална компанија со удел на пазарот од 60%. Соработува со 400 аптеки низ Републиката, со клинички центри и општи болници.

Зегин Фарм – Скопје е синџир на 106 аптеки. Основната дејност се состои од продажба на мало на лекови, паралекови и медицински помагала, производи за исхрана, додатоци во исхраната, макробиотика и козметика. Зегин Фарм е лидер во републиката по број на опслужени клиенти со пазарен удел од 65%.
Ова се должи на професионалниот и посветен кадар, како и на широкиот асортиман од над 12 000 производи кои ги нудиме по најприфатливи цени.

Поради големиот број на трговски партнери а со тоа и обемот на работа, справувањето со документи т.е. нивната обработка и архивирање беше вистински предизвик за нас. Притоа фактурите ги добивавме во најразлични компјутерски формати како што се excel и pdf што ни задаваше вистинска “главоболка”.

Zegin-apteka

Со воведувањето на SSBEdi комуникацијата со трговските партнери се одвива во унифициран EDI формат кој е разбирлив за компјутерските системи на сите наши клиенти и соработници. Ова придонесува нашата соработка да тече глатко и без никакви забуни и грешки. Со тоа постигнавме значително намалување на трансакционите трошоци во нашето секојдневно работење.

Со SSBEdi ги добивме следните бенефити:
– Намалување на потребните работни часови за креирање и обработка на документи;
– Нема трошоци за поштарина;
– SSBEdi ја минимизира потребата за повторно внесување (куцкање) на артиклите бидејќи субјективните грешки исто така се минимизираат;
– Комуникацијата со трговските партнери е директна и нема ризик од губење на пораките;
– Услугата SSBEdi е компатибилно со сите софтверски системи и истата се надградува на нив.

“Подобрувањето на комуникацијата со нашите трговски партнери ни овозможи да ги подобриме интерните just-in-time процеси со што значително се намалуваат трошоците за залиха на производите. Нашите добавувачи ни ги испорачуваат само потребните артикли во оптимална количина така што не генерираме дополнителни трошоци од чување поголема залиха на производи” – вели Ана Стојменска, ИТ Директор во Зегин.

Leave a Reply