Зошто ЕДИ

EDI овозможува бизнисот да биде поавтоматизиран и поефикасен. EDI овозможува вашата органиација да има подобри и поцврсти односи со доставувачите и купувачите. Воедно, овозможува поголема предност во однос на конкуренцијата.

Со EDI се постигнува заштеда на време при:

  • подготовка на документи;
  • откривање грешки во документите и нивно отстранување;
  • подготовка на пошта (или е-пошта);
  • внесување податоци;
  • проверки и известување.

Зголемена конкурентност: Бидејќи EDI е стандардизиран систем (универзален јазик), со неговата имплементација компанијата добива универзална алатка за размена на документи со сите компании ширум светот. Компаниите што користат EDI се “посакувани” трговски партнери и имаат предност во однос на другите.

Некои истражувања покажуваат дека со користење на EDI може да се постигне заштеда на време (со тоа и пари) и до 50%. Други истражувања покажуваат дека компаниите по имплементацијата на EDI имаат зголемување на продажбата за 18%.

 

proces na naracka so EDI

 

Leave a Reply